Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е самоуверен дека може да го запре Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен.
Алкараз последниот меч го играше против српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ, кој го доби со 6:4, 6:4, 6:0, па истакна дека има доволно самодоверба за продолжение од турнирот.
Карлос е најголем фаворит во Мелбурн заедно со Новак Ѓоковиќ, а токму тоа го потенцира на Род Лејвер арената.
– Ѓоковиќ е голем спортист, секогаш гледа на терен тоа што треба да се види, затоа е голем шампион. Тој е секако голем фаворит, па доколку некој од противниците не одигра магично, уште сега може да го гравираат трофејот со името на Ѓоковиќ.
Алкараз во понатамошниот разговор, потенцира дека неговото име е чудото, кое може единствено да го запре Ѓоковиќ во походот кон нов трофеј.
– Ќе се обидеме да го спречине, сум го победувал српскиот тенисер, но ова е врвен турнир и мора да се одигра маесрално за победа, порача Алкараз.