Чави: Ние победивме коректно, но цел свет виде што се случуваше во Мадрид!

Барселона синоќа на гостувањето кај Реал Бетис, имаше фуриозен финиш на средбата, па кога сите помислија дека бодовите ќе бидат поделени (2:2), Жоао Феликс стапи на сцена, прво поведоа со 3:2, а само две минути подоцна погоди и Феран Торес.

Барселона беше подоминантна страна во тие 90 минута, па на крајот впишаа тешка победа на ова гостување.

По натпреварот, евидентно беше задоволството на Чави Ернандез, но посочи и дека стравува од нечесни игри, околу мечот на Реал Мадрид.

– Сите видоа што се случуваше во Мадрид, јас нема да додадам ништо повеќе од ова. Тешко дека ќе бидеме шампиони со такви арбитражи на другите натпреварот. Јас и претходно реков, по мечот со Хетафе, дека видов многу нечесни работи на мечевите на кои игра Реал Мадрид, порача Ернандез.

Тој се обиде да посочи дека Реал Мадрид направи комплетен пресврт против Алмерија, од 0:2, дојдоа до победа од 3:2.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО