Алкараз обезбеди четвртфинале во Мадрид

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз успеа да се пласира во четвртфиналето од мастерс турнирот во Мадрид, откако денеска во сминафиналето по голема борба, која траеше два часа и 55 минути, го победи Германецот, Јан Ленард Штруф со резултат 2:1 (6:3, 6:7 (5:7), 7:6 (7:4)).

Бранителот на титулата во Мадрид за освојување на првиот сет, му беше довлен еден брејк. Во вториот сет двајцата тенисери направија по еден брејк, па одлучуваше тај брејк и Германецот подобро се снајде, па мечот го однесоа во трет, одлучувачки сет.

Делуваше дека Алкараз со брејк во раната фаза од третиот сет, ќе оди полесно кон победа, при 5:3, сервираше за победа, но не искористи четири меч топки, па Германецот искористи трета брејк топка и во тој гем и продолжи неизвесноста.

За победникот се одлучуваше во тај-брејк во кој Алкараз беше сигурен и дојде до победа и пласман во четвртфиналето.

Таму веќе го чека дуел против рускиот тенисер Андреј Рубљов, кој нешто порано славеше против Холанѓанецот Талон Гркспор со 2:0.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО