Ракометарите на Алкалоид триумфираа против РК Пролет (35:26) во натпревар кој се одигра во рамките на македонската Супелига.
После првото полувреме играчите на Кирил Лазаров имаа четири голови предност (14:10).
Најдобар во екипата на Алкалоид беше Дамјан Митев со 11 голови, а Александар Петковски погоди шест пати.
На спротивната страна Андреј Стојановски пет пати се запиша во листата на стрелците.
Во следното суперлигашко коло за РК Алкалоид следи гостување кај тимот на МРК Куманово, додека РК Пролет
Во генералниот пласман Алкалоид се наоѓа на првото место со 36 бодови, пред Еурофарм Пелистер и Вардар (кои имаат по еден меч помалку) со по 34, додека Пролет е на седмата позиција со 15.