Македонскиот ракметен клуб, Алкалоид го очекува финалето во ЕХФ Европскиот куп каде што ќе се соочи во двомеч со грчки АЕК. финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу РК Алкалоид и грчкиот АЕК.
Избраниците на Кире Лазаров денеска отпатуваа за Атина каде што в недела ги очекува првиот натпревар, додека реваншот е седум дена подоцна подоцна во Скопје. Тој натпревар ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ , а билетите ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (19 мај) со почеток од 13:00 часот.
Продажбата ќе се одвива преку официјалната мрежа на „МКТикетс“, а цените на билетите ќе изнесуваат 200 и 300 денари, во зависност од местото во салата.
Се очекува Алкалоид да добие голема поддршка во битката за првиот европски трофеј во својата историја.