Алисoн, Трент и Жота нема да се опорават за дербито со Манчестер Ј.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, на официјална прес-конференција пред дуелот со Шефилд Јунајтед во Премиер лигата откри дека Кертис Џонс и Енди Робертсон ќе бидат во тимот, но Ватару Ендо има повреда.

Диого Жота, Трент Александер-Арнолд и Алисон најверојатно ќе се вратат на целосни тренинзи следната недела, што значи дека ќе го пропуштат неделното дерби со Манчестер Ј. Следната недела се очекува и Стефан Бајчетиќ да се приклучи на тренинзите на првиот тим.

„Диого и Трент се во иста група. Изгледа следната недела ќе бидат дел од тренинзите на тимот, а потоа ќе видиме“, изјави Клоп.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО