Алаба: Австриската репрезентација е среќна што го има Рангник за селектор

Бекот на австриската репрезентација Давид Алаба зборуваше за придонесот на селекторот Ралф Рангник за успешните резултати на тимот.

– Тој даде огромен придонес. Тој всушност успеа да направи многу повеќе и да промени многу на подобро. Ние играчите често го забележуваме тоа во нашиот тим. Тој и неговиот стручен штаб се на највисоко ниво. Среќни сме што го имаме. Тој веќе многу се подобри и мислам дека секој може јасно да го види неговиот стил во нашaтa игрa“, изјави Алаба, за официјалниот сајт на УЕФА.

Да потсетиме, од назначувањето на Рангник во австриската репрезентација во јуни 2022 година, само Португалија (73%), Шпанија (67%) и Холандија (64%) имаат поголем процент на победи меѓу европските селекции.
Репрезентацијата на Австрија, предводена од Ралф Рангник, на ЕП 2024 година, што во моментов се одржува во Германија, освои шест поени на три натпревари. Австрија се пласираше во плеј-офот на турнирот од првото место во групата. Австријците ги победија селекциите на Франција (пет поени) и Холандија (четири поени) и во 1/8 финалето ќе се сретнат со Турција. Натпреварот ќе се одигра во вторник на 2 јули во Лајпциг на стадионот Ред Бул Арена – Централстадион, неговиот почеток е закажан за 21 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО