Ал Наср елиминиран од азиската ЛШ: Но какво е ова промашување на Роналдо?!

Тимот на Кристијано Роналдо, Ал Наср е елиминиран на мечот против Ал Аин, а португалскиот фудбалер овој натпревар ќе го памети по нестварното промашување.

Во натпреварот за инфаркт, тимот на Роналдо е елиминиран од четвртфиналето, иако Кристијано Роналдо во 118 минута постигна гол со кој неговата екипа ја однесе во пенал завршница.

При изведување на пеналите, неговите соиграчи шутираа прилично лошо, па само Португалецот погоди од белата точка, додека Марсело Брозовиќм Алекс Тељеш и Отавио не ги искористија ударите од белата точка.

Резултат од првиот натпревар беше 1:0 за Ал Аин, но во реваншот Ал Наср победи со 3:2, па со вкупни 4:4 мораше да се оди на пенали.

Ал Аин е првиот полуфиналист и тамо ќе ги чека дуел против Ал Хилал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО