Ал Итихад упати понуда до голманот на Барселона

Саудиската екипа Ал Итихад би можел да го ангажира голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген во летниот преоден рок. Според информацијата која е објавена, Ал-Итихад веќе дал понуда до Тер Штеген.

Забележано е дека саудискиот тим сака да се бори за шампионската титула следната сезона. Во оваа насока, раководството на тимот сака да ја засили голманската позиција. Марк-Андре Тер Штеген игра за Барселона од 2014 година. За тоа време, голманот освои 16 трофеи со Каталонците, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите на УЕФА.

Договорот на играчот со шпанскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2028 година. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 35 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО