АБА кошаркарската лига се подготвува за големи промени, се со цел да се подготви за евентуалниот влез на Дубаи во регионалното натпреварување.
Денеска се одржал состанок на кој било одлучено да се формира работна група која ќе подготвува измени на Статутот на натпреварувањето до Собранието закажано за 12 март. АБА лигата, конечно, ќе успее да се трансформира во ДОО, а подготовката на измените на Статутот ќе ја направат адвокатите на членовите на работната група во која членуваат претставници на Црвена звезда, Партизан, Будуќност, Цедевита Олимпија и Цибона.
Во рамки на промените ќе се создаде простор за влез на Дубаи во регионалното натпреварување, што е предуслов овој клуб подоцна да учествува во Евролигата или Еврокупот. Засега се е на „стенд-бај“ по ова прашање, додека не се реши трансформацијата на АБА лигата во друштво со ограничена одговорност.
Исто така, со новите промени ќе има само еден тим кој ќе испадне од АБА лигата,
а во натпреварувањето ќе влезе само победникот на АБА 2 лигата, без разлика
од која земја е.