Македонската машка младинска кошаркарска репрезентација оствари убедлив триумф на Европското првенство Дивизија Б во Братислава.
Нашите кошаркари убедливо ја совладаа селекцијата на Грузија со конечен резултат 97:62 во првиот дуел од разигрувањето.
Дури петмина македонски репрезентативци го завршија овој дуел со двоцифрен ефект зад своето име.
Најефикасен беше Марко Луканоски кој постигна 16 поени и додаде уште шест скока.
По 13 поени постигнаа Трајанов и Димитриев, додека Марјановиќ и Младеновски додадоа по 11 коша.
Со оваа победа Македонија обезбеди пласман во борбата за позиција од 9 до 12 место.
Следен противник на македонските кошаркари ќе биде подобриот од дуелот меѓу Холандија и Кипар.