Босански репрезентативец потпиша за Лидс

Лидс Јунајтед официјално го комплетираше трансферот на Тарик Мухаремовиќ од италијански Сасуоло, потврдија двата клуба.

23-годишниот репрезентативец на Босна и Херцеговина пристигнува на „Еланд Роуд“ со перманентен трансфер, откако со тоа го заслужи со своите настапи во Серија А.

Раководството на клубот верува дека тој ќе биде едно од клучните засилувања во дефанзивната линија во пресрет на новата сезона и во остварувањето на амбициозните цели.

Младиот дефанзивец успешно ги помина задолжителните лекарски прегледи и веднаш ќе му се приклучи на тимот на претсезонските подготовки.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО