ФОТО: Ова е најскапото „селфи“ на Мундијалот

Мајкл Рубин, американски претприемач вреден 12 милијарди долари, објави селфи на кое е во друштво на голем број големи ѕвезди од спортот и шоу-бизнисот.

Фотографијата, која веднаш привлече светско внимание по објавувањето, е направена за време на фестивалот Фанатикс, глобалната дигитална спортска платформа на Рубин.

https://x.com/meeraaaay/status/2078298751920480729?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E2078298751920480729%7Ctwgr%5E217b52cdafde2ac29805b18223f6d9fb42fc1230%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2Ffoto-ova-e-najskapoto-selfi-na-mundijalot%2F

За селфито да ја опфати оваа поголема група, беше потребен некој со долги раце…

Изборот беше лесен: Кевин Дурант, еден од најголемите кошаркари на НБА во последната деценија, со телефонот во рака го овековечи овој навистина незаборавен момент.

Дурант се „улови“ себеси, потоа Новак Ѓоковиќ, капитенот на Шпанија Родри, иконата на американскиот фудбал Том Брејди, аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, раперот Тревис Скот, легендата на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација Рио Фердинанд, Лионел Меси, Рубин и комичарот Кевин Харт.

На втората слика, која е направена од различен агол и го покажува моментот кога е направено селфито, во кадарот се селектори на Аргентина и Шпанија, Лионел Скалони и Луис де ла Фуенте.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО