Мохамед Салах пред трансфер во Бешикташ

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах е на чекор до сензационален трансфер во Бешикташ, објавуваат фудбалските инсајдери Санти Ауна, Саша Таволиери и Николо Шира.

Според нивните информации, 34-годишниот Египќанец веќе дал зелено светло за преселба во Истанбул, откако му истече договорот со Ливерпул.

Салах во турскиот гигант треба да потпише едногодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.

Според информациите, неговата годишна плата ќе изнесува околу 10 милиони евра, а со бонусите може да достигне и 12 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО