Младинците поразени од Норвешка на стартот од ЕП

Ракометната селекција на Македонија до 20 години со пораз го започна ЕП, откако во првиот натпревар од групата Д загуби од Норвешка со 36-31 (18-14).

Скандинавците влегоа во ритам и почнаа да градат разлика, која што на полувреме застана на четири гола (18-14).

Во овој период најдобри поединци во нашиот состав беа Јулијан Матески со пет гола и Христијан Гурмешевиќ со три.

Во вториот дел норвешките ракометари продолжија со силното темпо, кое одново му создаде проблеми на момците на Игор Илиевски.

Македонија не можеше да најде соодветен одговор, па на крај мораше да се задоволи со пораз од 36-31.

Одличен впечаток кај нашиот состав оставија Бобан Поповски и Матески со по шест гола, а Ѓоќески и Гурмешевиќ завршија со по четири постигнати гола. Во рамки од групата Д нашите ракометари треба да одиграат уште со Хрватска и Данска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО