Претходно беа елиминирани втората и третата тенисерка во светот, а денеска настрада и првата, Наоми Осака ја победи Арина Сабаленка во два сета.
Осака го доби првиот сет со 6-2, а во вториот беше неизвесно, се играше тајбрејк кој го доби Јапонката со 7-2.
Наоми Осака во четвртфиналето ќе игра против Мучова која со 2-1 ја победи Крејчикова.