Дензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид
Тимот на Реал Мадрид денеска и официјално го промовираше, Дензел Дамфрис за свој нов играч.
Десниот бек досега беше дел од тимот на Интер, а од Мадрид одлучија да ја платат откупната клаузула од 20 милиони евра и да го направат нов член на Реал.
Дамфрис потпиша четиригодишен договор со Реал Мадрид, кој го врзува за клубот од Бернабеу до летото 2030 година.
Дефанзивецот е четвртото ново засилување на Реал Мадрид ова лето по Ибрахима Конате, Марк Кукуреља и Бернардо Силва.