Македонските ракометари со победа ги заокружија подготовките пред младинското ЕП

Македонската младинска машка ракометна репрезентација со победа ги комплетираше контролните натпревари пред претстојното Европско првенство, откако денеска во Скопје ја совладаа Италија со 30:22.

Избраниците на селекторот Игор Илиевски со сигурна и квалитетна игра дојдоа до четвртиот триумф во подготвителниот период, во кој претходно ја победија Грција со 29:28 и два пати Саудиска Арабија (22:21, 35-26).

Европското првенство ќе стартува на 8 јули, а домаќин ќе биде Романија.

Македонската репрезентација своите натпревари во рамки на групата Д ќе ги игра во градот Турда против Хрватска Данска и Норвешка.

Двете првопласирани репрезентации ќе обезбедат пласман во главната фаза.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО