Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ и официјално е нов член на грчки Арис кој е предводен од грчката легенда Василис Спанулис.
Солунскиот клуб потврди дека искусниот плејмејкер потпишал двегодишен договор, а пристигнува како трансфер од рускиот Зенит Санкт Петербург.
Во 2024 година потпиша за Олимпија Милано, каде што во Евролигата одигра 27 натпревари со просек од 7,6 поени и 2,9 асистенции. Една година подоцна повторно се врати во Русија, во редовите на Зенит Санкт Петербург, каде што бележеше 11,5 поени и 5,7 асистенции по натпревар.
Во текот на минатата сезона беше испратен на позајмица во Баерн Минхен, каде што во 16 натпревари во Евролигата просечно постигнуваше 11 поени и 4,1 асистенција.
Со неговото доаѓање, Арис добива искусен организатор на играта и еден од најдобрите македонски кошаркари, кој ќе има важна улога во амбициите на солунскиот клуб во домашното првенство и европските натпреварувања.