Германија остана без Шлотербек – дефанзивецот го заврши настапот на Мундијалот

Германската репрезентација доби сериозен удар во текот на Светското првенство 2026, откако стана јасно дека Нико Шлотербек повеќе нема да настапува на турнирот.

Германскиот фудбалски сојуз соопшти дека дефанзивецот заработил повреда на медијалниот лигамент на левиот зглоб и го очекува пауза од неколку месеци.

Шлотербек се повреди пред два дена на натпреварот против Брегот на Слоновата Коска, кој Германија го доби со 2:1 во рамките на второто коло од групата Е. Поради повредата тој беше принуден да го напушти теренот уште на полувремето.

– Нико се здоби со повреда на медијалниот лигамент на левиот скочен зглоб и ќе биде надвор од терените неколку месеци. Засега ќе остане со тимот во Соединетите Американски Држави. Нико, оздрави брзо, сите сме со тебе, соопшти Германскиот фудбалски сојуз.

Повредата доаѓа во незгоден момент за селекторот на Германија, иако „панцерите“ веќе обезбедија пласман во нокаут-фазата со максимални шест бода по првите две кола.

Во последното коло од групата Е, Германија на 25 јуни ќе се соочи со Еквадор.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО