Реал се откажа од Себаљос бесплатно

По девет години договор со Реал Мадрид, играчот од средниот ред Дани Себаљос го напушта клубот бесплатно. Реал нема да бара ниту едно евро обештетување.

Себаљос стана член на Реал Мадрид во 2017 година, а со двегодишна позајмица во Арсенал, беше член на првиот тим на кралскиот клуб вкупно седум години. Сепак, неговата приказна во Мадрид завршува ова лето и клубот одлучи да го пушти бесплатно, иако е под договор до летото следната година.

Себаљос има две понуди на маса. Холандскиот великан Ајакс го сака во своите редови, а потоа тука е и неговиот Бетис, тимот каде што порасна и стекна репутација.

Foto:EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО