Марк Маркез победи во Чешка!

Актуелниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, оствари победа на трката за Големата награда на Чешка, која се возеше во градот Брно.

Шпанскиот мотоциклист стигна до својата 101. победа во богатата кариера, уште еднаш потврдувајќи дека е меѓу најголемите личности во историјата на овој авто-мото спорт. Аи Огура стартуваше од пол-позицијата, но бргу го загуби водството, а потоа следуваше битка помеѓу Маркез и Франческо Бањаја.

Во последниот дел од трката, Маркез конечно го нападна Бањаја, а потоа Шпанецоот го престигна ривалот и успеа да создаде мала предност, поставувајќи најдобро време од 39:51.29 минути.

Втор низ целта мина Јапонецот Огура, а третото место му припадна на „Пеко“ Бањаја, кој доцнеше 2,225 секунди зад победникот. За Маркез ова беше 75. триумф во „кралската“ класа.

Во генералниот пласман, лидер е Италијанецот Марко Безеки со 180 бодови, а втор е Хорхе Мартин со 15 бодови помалку.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО