За првпат по 33 германскиот ракометен гигант Кил нема да биде дел од ниту едно европско натпреварување, што претставува вистинска катастрофа за клуб со таков реноме.
Според германските медиуми, првиот чекор на управата е да му врачи отказ на тренерот Филип Јиха, кој повеќе нема да седи на клупата на Кил, иако има важечки договор до 2028 година.
Иако клубот е познат по тоа што ретко менува тренери и традиционално им укажува голема доверба на своите стратези, овојпат изгледа дека седумгодишната соработка со легендарниот Јиха би можела да заврши порано од планираното.