Неверојатни слики од Њујорк – Никс ја слават титулата

Илјадници навивачи на Њујорк Никс, облечени во сини и портокалови дресови, се собраа во центарот на градот за да го прослават освојувањето на титулата во НБА. Никс во финалната серија со 4:1 го победија Сан Антонио, ја освоија втората титула во клупската историја, прва по 1973 година.

По целата улица „Чрч“, која се протега паралелно со рутата на парадата, навивачите палеа џоинти, пиеја виски и пиво, пред очите на збунетите и бројно помали полицајци.

Просторите за гледање на парадата веќе беа пополнети во 8:30 часот наутро, пред парадата која започна точно во 10:00 часот.

Меѓу луѓето беше и Зохран Мамдани, градоначалникот, кој со право предвиде дека ова ќе биде една од најголемите прослави што градот некогаш ги видел.

Мамдани беше виден како ужива во друштво на Карл-Ентони-Таунс, додека неговиот соиграч Огугуа Ануноби беше во толпата и разговараше со навивачите, држејќи го шампионски трофеј и шише текила.

Присутни се и долгогодишните познати фанови на Никси, Спајк Ли, Бен Стилер, Крис Рок, Тимоти Шаламе…

Мамдани ќе ги додели клучевите од градот во градското собрание на церемонија за која ќе се продаваат билети.

Foto/ EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО