Партизан славеше над Дубаи и остана во игра за титулата во АБА лигата

Партизан останува во игра за титулата во АБА лигата откако пред своите навивачи славеше убедлива победа над Дубаи со 84-70 во третиот натпревар од финалната серија.

Доминантната прва четвртина им донесе предност од 23-10, која подоцна се покажа како клучна за конечниот исход.

Во редовите на Партизан беше Бруно Фернандо со 15 поени и седум скока. Значајна улога имаше и Карлик Џонс, кој натпреварот го заврши со 13 поени и седум асистенции.

Во составот на Дубаи се истакнаа Дејвис Бертанс и Мфионду Кабенгеле, кои постигнаа по 17 поени. Бертанс притоа реализираше пет удари за три поени, додека Кабенгеле покрај поентерскиот ефект запиша и девет скока.

Со оваа победа Партизан го намали заостанувањето во финалната серија на 2-1 и ја продолжи борбата за шампионскиот трофеј во регионалното натпреварување.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО