ЖРК Ѓорче Петров 2 се пласира во Супер лигата по триумфот над Пелистер

Екипата на Ѓорче Петров 2 обезбеди пласман во женската Супер лига откако во бараж натпревар го совлада тимот на Пелистер.

Натпреварот започна одлично за ракометарките на Ѓорче Петров, кои уште на стартот направија серија од 4:1.

Гостинките од Битола се обидуваа да ја намалат негативата и да се вратат резултатски во игра, но домашниот состав успешно ја одржуваше предноста.

Во 14. минута Ѓорче Петров имаше водство од 8:4, а до крајот на првото полувреме целосно ја контролираше играта.

Предноста постепено растеше, па во 23. минута изнесуваше 12:6. Со сигурна игра во нападот и цврста одбрана, ракометарките на Ѓорче Петров на паузата заминаа со убедлива предност од 15:9.

Во второто полувреме не се случија поголеми резултатски промени. Ѓорче Петров продолжи да го диктира темпото на теренот и во 40. минута стигна до највисоки седум голови предност (19:12).

Пелистер во неколку наврати се обиде да ја намали негативата и да внесе неизвесност во натпреварот, но домаќинките не дозволија пресврт.

До самиот крај Ѓорче Петров ја задржа контролата врз резултатот и сосема заслужено стигна до победата од 24:17, со која обезбеди место во женската Супер лига.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО