Флорентино Перез не поднесува оставка, туку распишува нови избори

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, денеска ја шокираше светската спортска јавност со итно свиканата прес-конференција. Иако многумина шпекулираа дека 79-годишниот лидер ќе објави повлекување по две сезони без значаен трофеј, тој децидно порача: „Жал ми е што морам да ви кажам, но нема да поднесам оставка“.

Наместо тоа, Перез побара од изборната комисија да го започне процесот за нови избори, на кои тој повторно ќе биде кандидат.

Во текот на долгиот и на моменти бизарен говор, Перез ги демантираше гласините за неговото нарушено здравје. Тој нагласи дека гласините за терминален рак се чиста измислица и дека неговото здравје е во „совршена состојба“.

Перез истакна дека како претседател на Реал Мадрид и на светска градежна компанија со 170.000 вработени, не би можел да ги извршува двете функции доколку не е во одлична здравствена форма.

Тој ги повика сите оние кои работат „во сенка“ против него да излезат јавно и да се кандидираат на изборите.

Перез е реизбиран без противкандидат во 2013, 2017, 2021 и 2025 година, па сега бара нов легитимитет од членовите на клубот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО