Од денеска 8 мај 2026 година, официјално се пуштени во продажба билетите за бараж натпреварот за пласман на Светското првенство 2027 помеѓу машките ракометни сениорски репрезентации на Македонија и Словачка, информираат од Ракометната федерација на Македонија.
Реванш дуелот од мундијалскиот бараж ќе се игра на 17 мај 2026 (недела) со почеток од 19.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје.
Билетите за овој меч во Скопје се по цена од 400 и 500 денари.
Потсетување, дека првиот натпревар од баражот за СП ќе се игра на 14 мај во Прешов.