ПСЖ го елиминира Баерн и се пласираше во финалето на ЛШ

Фудбалерите на ПСЖ се изборија за ново финале во Лигата на шампионите откако вечерва одиграа нерешено 1:1 во вториот натпревар од полуфиналето против Баерн во Минхен.

Победата од 5:4 на првиот дуел се покажа решавачка за пласманот на ПСЖ во финалето.

За францускиот тим ова е трето финале, а второ во низа во најквалитетното фудбалско натпреварување.

Во финалето на 30.мај во Будимпешта од 18 часот ќе играат Арсенал и ПСЖ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО