Марк Маркез тргнува од пол- позицијата за ГН на Шпанија

Актуелниот светски првак и возач на Дукати, шпанскиот мотоциклист Марк Маркез, ќе стартува од пол-позицијата на трка во Мото ГП за Големата награда на Шпанија, откако беше најбрз на денешните квалификации.

Маркез постави време од 1:48.087 минути на патеката во Херез за негова прва полпозиција од минатогодишната трка на Балатон Парк во Унгарија.

Оваа сезона тој сè уште нема победа и во моментов е на петтото место со 45 бодови.

Возачот на Хонда, Французинот Јохан Зарко, ќе стартува од второто место, а Италијанецот Фабио Ди Џанантонио од VR46 ќе ја почне трката од третата позиција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО