Ракометарите на ГРК Охрид претрпеа пораз од Целје (27-26) во првиот полуфинален натпревар од Европскиот Куп на ЕХФ.
По мечот, тренерот Борис Ројевиќ ги сподели своите импресии.
„Одигравне еден извонреден меч во убав амбиент, Целје сигурно покажа дека е најталентирана екипа во Европа, но честитки за моите ракометари за карктерот.
Се вративме од минус од седум гола и дојдовме до активен резултат за реваншот.
Благодарност до сите навивачи кои дојдоа во голем број и ги повикувам и на реваншот да направиме една незаборавна атмосфера и да се обидеме да се пласираме понатаму во финалето, со победа над некогашниот европски првак“, изјави Ројевиќ по натпреварот.
Реваншот во градот крај езерото во полуфиналето на Европскиот Куп се игра на 2 мај.