Атлетико до победа со автогол – Хетафе се предаде во финишот

Атлетико Мадрид запиша важна гостинска победа од 1:0 против Хетафе, во меч што долго време изгледаше како да ќе заврши без голови. Решавачкиот момент се случи во 82-та минута, кога стоперот Домингос Дуарте несреќно ја затресе сопствената мрежа.

По брза акција на Атлетико и ниско додавање во казнениот простор, Дуарте се обиде да ја исчисти топката, но под притисок реагираше лошо и со пета ја испрати зад својот голман. Тоа беше доволно за тимот на Диего Симеоне да ја запише петтата последователна победа во Ла Лига.

Хетафе одигра цврсто и дисциплинирано, но им недостасуваше завршница, додека Атлетико во финишот покажа зрелост и го искористи единствениот вистински подарок што го доби.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО