Ракометниот шампион на Македонија го продолжи договорот со репрезентативниот кружен напаѓач и еден од капитените на тимот, Жарко Пешевски кој се обврза на нов едногодишен договор, со опција за продолжување на уште една сезона.
-По враќањето од Германија, Пешевски пронајде своја нова домашна средина во Битола и задоволство ни е што нашиот проект се совпаѓа со неговиот. На половина година од истекот на стариот договор парафиравме нов, со желба и тој да биде успешен како претходниот, стои во соопштението од Пелистер.
33-годишниот Жарко Пешевски пред две и пол години од Штутгарт се врати во Македонија и потпиша за Пелистер. Покрај овие два клуба настапуваше уште за Металург и Мотор Запорожје.