(ВИДЕО) Ѕвезда оштетена. Вториот гол на Милан постигнат по очигледен фаул!

Црвена ѕвезда, нејзините навивачи и српската спортска јавност се револтирани од шпанскиот судија Хезус Хил Манзано, кој го водеше натпреварот Милан – Ѕвезда (2:1), како и од ВАР судијата, Цезар Сото Градо.

Тие тврдат дека победничкиот гол на домашната екипа во 87. минута бил постигнат по очигледните фаули на стрелецот Тами Абрахам, врз дефанзивецот на Ѕвезда, Насер Џига. Исто така очигледен е и фаулот на играчот на Милан, Матео Габија над Урош Спајиќ, соборувајќи го на земја.

На победничкиот гол на Милан му претходеше корнер за домаќините иако пред тоа Абрахам силно го влечеше Џига за дрес. ВАР-от не можеше да интервенира во оваа ситуација, но се вклучи поради ситуацијата непосредно пред голот.

Потоа Габија со двете раце го фрли Спајиќ на тревата пред голот на Ѕвезда, но ВАР-от и по анализата на ситуацијата одлучи дека голот на Милан е регуларен!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО