Кој би верувал во вакво сценарио? Фернандо Алонсо најави „напад“ на титулата во Ф1

Ветеранот Фернандо Алонсо верува дека тој може во иднина да ја освои својата трета шампионска титула во Формула 1.

Иако неговата последна титула е освоена пред повеќе од 18 години, тој верува дека на 20 годишнината од неговата последна титула, тој може да се избори за ново шампионско славје.

Верува дека идната сезона тимот на Астон Мартин не би бил способен да се бори за титулата, но затоа, очекува веќе во 2026 година тие да имаат далеку посилен и поконкурентен болид и тој да може со своето искуство да ја нападне третата титула која долго ја посакува.

– Се уште сонувам за тоа, зошто да не? Верувам дека 2026 година е мојата последна шанса, бидејки следната 2025 ќе биде екстремно тешка, но се уште сонувам за таков успех. Формула1 е за оние кои сонуваат, кои се надеваат, во овој спорт се може да се случи, па ајде да видиме, порача Фернандо Алонсо.

Тој единствените две титули во Ф1 ги освои со тимот на Рено тогаш предводен од Флавио Бријаторе (2005, 2006), титули со кои практично го пензионира Михаел Шумахер со Ферари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО