Штотуку завршија најголемиот дел од 13. коло од Бундеслигашката конкуренција, а главна тема секако е новата победа на лидерот Баерн Минхен. Овојпат таа е на домашен терен против тимот на Хаиденхаим со конечни 4:2.
Упамекано по само 18. минути игра погоди во противничката мрежа, а Хонсак возврати за 1:1 во 50. Само шест минути подоцна Мусиала го враќа водството на Баерн. Горетска носи 3:1, но неизвесноста ја враќа Дорш. Конечните 4:2 ги поставува Мусиала во судиското продолжение.
Леверкузен на домашен терен исто така со два брзи гола преку Вирц односно Тах по дваесетина минути игра имаше водство против Сент Паули, за да потоа противникот стигне само до конечни 2:1, а со головите на Сеско односно Андре Вила Ред Бул Лајпциг стигна до гостински триумф над Холстен Кил.