Во првата борба меѓу Олександр Усик и Тајсон Фјури во мај годинава, Украинецот победи по 12-те рунди. Реваншот е закажан за 21 декември во Саудиска Арабија, а по воведната прес-конференција беше објавено и видео со боксерите.
Тие гостуваа кај промоторите Френк Ворен и Александар Красјук на ДАЗН (DAZN) и се потсетија на последната борба: „Можеше да ме погоди со тој удар милион пати и можеби тоа немаше да има никакви последици, но тогаш имаше ефект, а тоа е затоа што беше одличен“, рече Фјури.
На тие зборови Усик кратко одговори. „Беше совршено, Тајсон беше добар кога бегаше“.
„Имаше мала шанса да ме нокаутираш, но не можеше да го направиш тоа, нели? праша Фјури, а Усик одговори дека истото важи и за Британецот.
– Ти ме удри десет пати, десет чисти удари по брадата. Но во реваншот ќе те с**бам. Како што велешеТупак, ме погоди со најдобрите удари и не можеше да ме докрајчиш“.