Манчестер сити ја продолжи низата неуспеси. По пет последователни порази, избраниците на Пеп Гвардиола ремизираа со Феенорд во петтата рунда од Лигата на шампиони (ЛШ).
Сити до 50-та минута водеше со 3:0, но до крајот не успеа да го задржи тоа водство. Ерлинг Халанд двапати погоди, а Илкај Гундоган еднаш за Сити.
Кога се чинеше дека Сити ќе ја прекине серијата од пет натпревари без победа, Феенорд се врати со головите на Анис Хаџ Муса (72-ра), на Сантијаго Хименез (82) и на Давид Ханко во 89. минута за конечни 3:3.
FULL-TIME | A point apiece.
🩵 3-3 ⚫️ #ManCity | #UCL pic.twitter.com/6oj1nEOIwm
— Manchester City (@ManCity) November 26, 2024
Сити сега е на 15-то место на табелата во ЛШ, а Феенорд е на 20-то место меѓу 36 тима.
Хрватот Јошко Гвардиол (22) сезонава е во криза, како и Сити, и има голема вина за головите на Феенорд. При пвиот гол им помогна со лошото додавање, практично им подари гол. Потоа лошо реагираше и за вториот гол на Феенорд. За третиот вина е на голманот Едерсон.
Ова е втор неимпресивен натпревар по ред за играчот кого Сити го направи најскапиот дефанзивец во историјата минатото лето кога го донесе од Лајпциг за 90 милиони евра.
Во извештаите на англиските медиуми Гвардиол и Едерсон се посочени како најлоши во Сити.
Извештајот на Гол (Goal) од натпреварот беше насловен „Нова одбранбена класа- катастрофа! Хорор шоуто на Едерсон и на Гвардиол го предизвикаа колапсот на Сити во Лигата на шампиони и го засенија херојството на Халанд“.
„Гардијан“ го издвојува Гвардиол по лошо: „Први два гола на Феенорд беа постигнати затоа што Јошко Гвардиол ја загуби присебноста и одигра невешто“.
„Дејли мејл“ го оцени Гвардиол со лоша четворка и тоа го објасни вака: „Една од ретките светли точки на Сити оваа сезона ќе жали за големата грешка за голот што го предизвика враќањето на Феенорд“.
„Манчестер Ивнинг њуз“ пишува: „Двете нови грешки на Гвардиол му донесоа голови на противникот“.
И шпанска „Марка“ по лошо го издвојува Гвардиол. Извештајот од мечот таа го илустрираше со фотографија од очајниот Гвардиол, и напиша: „Огромната грешка на Гвардиол му подари гол на Феенорд“.