Тренерот на голманите на Челзи, Енрике Хиларио по цели 18 години ќе го напушти Стенфорд бриџ. Поточно, ќе се приклучи на Стручниот штаб на Томас Тухел, кој што од 1 јануари е на чело на репрезентацијата на Англија.
Хиларио пристигна во Лондоно сега веќе далечната 2006 како трет голман зад Петер Чех и Карло Кудичини.
Во 2014 година ја заврши играчката кариера и се префрли на клупата. Беше во Стручниот штаб на Антонио Конте, па на Маурицио Сари, па потоа на Томас Тухел.
Германецот инсистираше на соработка со него и во иднина, а Челси не се согласи да го „дели“ Хиларио со националниот тим на Англија. Па така, ја прекина соработката со него и шпанецот од Нова година ќе има и ново работно место.
https://x.com/chelsreport_/status/1859221260732961187?s=19