Аргентина го совлада Перу во Буенос Аирес со 1:0 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство (СП) 2026 и со тоа ја сочува комотната предност од пет бода на првото место.
Отпорот на Перуанците го скрши Лаутаро Мартинез со одличен гол во 55. минута. Напаѓачот на Интер постигна гол со фантастични полуножички по еден продор и асистенција на Лионел Меси.
🚨🇦🇷 WHAT A GOAL FROM LAUTARO MARTINEZ WITH ARGENTINA! 🤯pic.twitter.com/Lntmwtsgy0
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) November 20, 2024
Легендарниот, 37-годишен капитен во свој стил ја измеша одбраната на Перу и испрати брилијантен центаршут што Мартинез го претвори во гол. На 191-от настап за националниот тим, Меси ја забележа 58-та асистенција.
Со тоа Меси се израмни со Американецот, Лендон Донован на првото место на листата на најдобри асистенти во историјата на националниот фудбал воопшто. Покрај 58-те асистенции, Меси постигна и 112 голови за Аргентина.
Бразил и Уругвај ремизираа (1:1) во Салвадор, во бразилската држава Баија. Бразилците продолжија со слабите резултати во овој квалификациски циклус, со 18 бода се на петтото место и пет бода пред седмото место во дополнителните квалификации, и нивниот пласман на СП не би требало да биде доведен во прашање.
🚨🇺🇾 WHAT A GOAL FROM VALVERDE AGAINST BRAZIL! 🤯pic.twitter.com/LoHG7cR69g
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) November 20, 2024
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде го доведе второпласираниот Уругвај во водство во 55. минута, а Жерсон од Фламенго израмни за Бразил седум минути подоцна.
🚨🇧🇷 GOAL | Brazil 1-1 Uruguay | Gerson
GERSON HAS EQUALIZED WITH A BEAUTIFUL GOAL FOR BRAZIL!pic.twitter.com/RvRkfKWBdE
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) November 20, 2024
На останатите натпревари Еквадор победи на гостувањето кај Колумбија со 1:0 на и скокна на петтото место, додека Чиле ја победи Венецуела со 4:2.