Новинарите го тестираат, но Артета е упорен: Војна со Пеп? Нема шанси!

Микел Артета некогаш му беше помошник на Пеп Гвардиола во таборот на Манчестер Сити, а сега се спротивставени ривали за титулата во Премиерлигата.

Арсенал успеа да го победи Лестер ова коло со 4:2, додека на другата страна, Сити киксираше кај Њукасл (1:1), па новинарите повторно го прашаа на Артета за нивниот однос со Пеп Гвардиола.

Претходно Пеп Гвардиола рече дека треба секој тренер да биде подготвен за војна со него, ако ја сакаат титулата во Премиерлигата.

Новинарите повторно го прашаа Артета дали е подготвен за војна со Пеп Гвардиола во Премиерлигата оваа сезона, па на тоа одговори:

– Можам само да повторам, да ви биде јасно на сите, го сакам Пеп, му се восхитував цело време кога бев помошник. Многу сум му заблагодарен за сето тоа што го научив од него и што се направи за мене, го сметам за пријател.

– Би сакал пак да повторам, ако некој мисли дека ќе го расипа нашиот однос, се лаже, јас не сакам никаква војна со него, тој ми е пријател и тој тоа го знае. Јас и ден денешен контактирам со него, нашиот однос е длабок, така да, не сум јас за војна со Пеп, порача Артета.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО