Солскјер објаснува како морале да спречат трансфер на Роналдо во Манчестер Сити

Оле Гунар Солскјер во последното свое интервју, се врати во 2021 година и ја објасни ситуацијата со враќањето на Кристијано Роналдо во градот Манчестер.

Роналдо првиот мандат во Јунајтед го помина од 2003 до 2009 година, а потоа беше продаден во Реал Мадрид за 100 милиони евра.

Во вториот мандат откако се врати, првата сезона постигна 24 погодоци, а по бројните критики од навивачите, тој мораше да го напушти клубот и се пресели во Саудиска Арабија.

– Таа 2021 година моравме да реагираме, моравме да спречиме тој да се пресели во Сити, затоа го вративме назад. Таму веројатно ќе постигнуваше повеќе голови од тоа што го прави денеска Ерлинг Халанд. Разговаравме во клубот и тој дојде во Јунајтед. Но мислам дека тоа ја растури динамиката во соблекувалната, некои од играчите почнаа да се чувствуваат помалку важни од претходно, порача Оле Гунар Солскјер.

Веројатно и немаше да биде далеку од вистината, доколку Роналдо се преселеше таа година во Сити, не само што тоа навивачите нема да му го простеа, туку тој ќе станеше и во овие години гол машина, но сега за еден друг Манчестер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО