ФИФА го казни Емилијано Мартинез

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез ќе ги пропушти следните два натпревари на својата репрезентација откако ФИФА го суспендира поради недолично однесување.

Контроверзниот голман често се наоѓа во центарот на вниманието со непромислените потези како оној по финалето на Светското првенство во Катар кога трофејот го стави во „меѓуножјето“ па ФИФА со суспензија ќе се обиде да му подобри однесувањето.

Одлуката на ФИФА да ги пропушти средбите против Венецуела и Боливија доаѓа откако тој на последниот натпревар за својата репрезентација влезе во конфликт со камерман.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО