Скандал во Неготино – Навивач му удри бокс на голманот на Охрид

ГФК Охрид Лихнидос се огласи со соопштение по вчерашните случувања во Неготино. Охриѓани славеа против Вардар со 1:0, а веднаш по завршувањето на натпреварот беше нападнат голманот Андов. Охриѓани бараат итна реакција од Фудбалската федерација на Македонија.

Инцидентот се случи кога фудбалерите одеа кон соблекувалните. Неслужено лице се најде на теренот и со тупаница го удри голманот на гостите, а соиграчите тргнаа во негова одбрана.

-Во текот на вчерашниот ден одигравме натпревар во Неготино каде што фудбалската игра беше ставена во втор план поради настан кој што нема допирна точка со фудбалот и спортот. Поради лошата организација на домаќинот дојдовме до ситуација која не може да се контролира и многу лесно можеше да ескалира до поголем инцидент.

По завршувањето на натпреварот нашиот голман како и уште неколку наши фудбалери беа физички нападнати од неофицијални лица кои што без никаков проблем се најдоја на теренот.

Исто така и во претходната сезона бевме сведоци на слични случувања во Неготино, но немаше реакција од наша страна. ГФК Охрид Лихнидос како домаќин ги има пречекано сите натпревари крајно фер и спортски без ниеден инцидент. Ние како клуб бараме реакција од одговорните лица на федерацијата. Вакви сцени за жал го уназадуваат македонскиот спорт, стои во соопштението на ГФК Охрид.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО