Шчесни: Ќе покажев непочитување ако не ја разгледав понудата од Барселона

Полскиот голман Војчех Шчесни e на чекор до Барселона. Каталонскиот клуб мора да донесе нов голман откако тешка повреда доживеа Марк-Андре тер Штеген.

Шчесни изјави дека би покажал непочитување доколку одбиел да ја разгледа понудата на Барселона и покрај тоа што се пензионира на крајот на август.

Шчесни изјави дека не сакал да ја заврши кариерата на 34 години, но тоа го направил откако Јувентус не успеал да го продаде на клубовите во Саудиска Арабија и не сакал да преставува финансиски товар за клубот од Торино.

-Многу ја почитувам историјата на Барселона, тоа е еден од најдобрите клубови во светот. Ја разбирам тежината на ситуацијата со повредата на Тер Штеген и мислам дека би било непочитување да не се разгледа оваа опција, изјави Шчесни за шпански „Спорт“.

Шпанските медиуми објавија дека полскиот голман ги договорил личните услови со Барселона и ќе го потпише договорот оваа недела откако ќе бидат решени неколку правно-технички работи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО