Македонскиот одбојкарски првак Струмица загуби на реваншот во Атина од Олимпијакос со 3-0 и со два порази во дуелот со грчкиот противник го заврши настапот во 1 квалификациско коло во ЛШ.
Македонскиот тим, кој пред една недела во Струмица загуби с максимални 3-0. на реваншот во Атина освои 19 поени во првиот, 17 во вториот и 21 поени во третиот сет.
Прв поентер во редовите на Струмица беше Стојан Илиев со 12 поени.Настапот на европската сцена одбојкарите на Струмица го продолжуваат во квалификациите во второто по ранг клупско натпреварување, ЦЕВ Купот.