Норис пред Ферстапен ја освои ГН на Сингапур

Возачот на Мекларен Ландо Норис остври супериорна победа на трката за Големата награда на Сингапур. Британецот кој стартуваше од пол-позицијата, водеше од првиот до последниот круг. Норис со овој триумф ја намали предноста на Макс Ферстапен во генералниот пласман на 51 бод.

Ландо Норис го комплетираше совршениот бикенд во Сингапур со победа на главната трка. Возачот на Мекларен триумфираше пред Ферстапен и тимскиот колега Оскар Пјастри.

Совршениот викенд на Норис му го расипа Даниел Рикиардо, кој со софт гуми, во финишот успеа да му одземе еден поен за најбрз круг во трката. Иринијата е што ова беше последната трка на Рикиардо во Формула. Од следната трка колега на Јуки Цунода ќе му биде Лијајм Лосон.

Покрај најдобрите тројца бодои во Сингапур на „Јас Марина“ освоија Џорџр Расел (Мерцедес), Шарл Леклер (Ферари), Луис Хамилтон (Мерцедес), Карлос Саинц (Ферари), Нико Хулкенберг (Хас), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Јуки Цунода (РБ).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО