Нова сезона, нов формат: Еве ги новите правила и како ќе функционира „лигашката“ Лига на шампиони!

Новата сезона во Лигата на шампионите започнува вечерва од 18:45 часот, сезона која ќе биде посебна од повеќе аспекти.

Со години ова култно фудбалски натпреварување ни носеше возбудувања, а од сезонава тој ќе пристапи во сосема нов формат на натпреварување, кое уште не и е јасно на публиката.

Натпреварувањето нема повеќе да содржува 8 групи со по четири екипи, туку редоследот на настани ќе биде нешто поинаков.

Важно е да се спомне дека бројот на екипи од 32 кој беше регуларен број, сега е зголемен на 36 екипи и тие сите ќе бидат заедно на една табела.

Сите екипи во т.н „лигашки дуел“ ќе играат против тимови кои ги добија на жребот од 29 август и тогаш првите осум екипи ќе влезат директно во осминафиналето.

Тие екипи кои ќе бидат на местата од 9. до 24. место, ќе се натпреваруваат во плеј оф за осминафиналето.

Последното коло од оваа фаза ќе биде на распоредот од 29. јануари, додека нокаут фазата почнува од 11 февруари, а финалето е планирано за 31. мај на „Алијанц Арена“.

Први фаворити се Манчестер Сити, Реал Мадрид, Баерн Минхен, некои сметаат дека во таа битка може да се вклучат и Барселона, ПСЖ и Ливерпул.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО