Легендата на Јунајтед признава: Со Тен Хаг, сме милиони километри далеку од титула

Некогашниот ас на Манчестер Јунајтед од златната генерација на овој клуб со кој Фергусон во 1999 година освои тројна круна, Двајт Јорк, смета дека со Ерик Тен Хаг, клубот е оддалечен километри од титула во Премиерлигата.

Навивачите не се задоволни премногу од тренерот, а сега за тоа проговори и Двајт Јорк, кој некогаш со Енди Кол беа страшен танден во нападот од кои цела лига стравуваше.

– Со Тен Хаг на клупата, Јунајтед е милиони километри оддалечен од титулата во Премиерлигата. По неговата прва сезона во клубот, мислев дека тој е навистина човекот за Манчестер Јунајтед, човекот кој ќе го одвлече клубот кон старата слава.

– Успеа да освои и ФА Куп, како и Ван Гал претходно, но кога ќе се види широката слика, Јунајтед со него нема никаква перспектива. Тимот нема идентитет, погледнете само колку голови постигнуваат, а колку примаат. Процентот на дадени голови е еден од најлошите од основањето на Премиерлигата. Тоа се работи кои мора да се кажат, порача Двајт Јорк.

Јорк како играч на Манчестер Јунајтед, три пати освојуваше титула, освои се што може да освои еден професионален играч.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО