Леклер призна каде згрешил и каде ја прокоцкал победата во Баку

Моначанецот Шарл Леклер, иако имаше зрели шанси за победа на последната трка во Ф1, во Азербејџан, сепак, не успеа да се избори со возачот на Мекларен, Оскар Пјастри.

Иако Леклер водеше извесен период од трката, сепак Пјастри на крајот успеа да слави, а за Леклер останува само да жали што не го искористи ДРС-от кој го имаше во повеќе кругови.

– Чувството во болидот не беше добар на тврди гуми, барем не таков како на средно тврди гуми. Имав доста проклизувања и немав доволен грип по излегувањето од боксот, Но ете, тие беа подобри, Оскар одработи одлично. Во свиокот 1, го видов на својата внатрешна страна, но не се грижев премногу за него.

– Не сакав премногу да се бранам, затоа што гумите во тој момент ми беа ладни. Меѓутоа, во тој момент доста и му го поедноставив животот. Мислав дека ако ме помине, повторно ќе имам шанса да го добијам во дуел со помош на ДРС, но тие беа доста брзи и немав вистинска шанса подоцна. Затоа мислам дека погрешивме и погрешив што така лесно го пуштив да ме помине првиот пат, порача Шарл Леклер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО